| четврток, 6 декември 2018 |

Парче малтер падна врз кумановка

kumanovoТриесет и три годишна жена е поредена од парче малтер која паднало врз неа од зграда на плоштадот „Маршал Тито“ во Куманово, денеска, околу 13.30 часот. Жената со својот десет годишен син се движела низ центарот на градот кога пред излогот на централната продавница на ВИП-операторот,врз нејзината глава паднало поголемо парче малтер од покривот на зградата и  нанело повреди во пределот на главата и градите, по што таа за кратко паднала во безсознание.

За среќа нејзиниот десетгодишен син бил неколку чекори пред неа и ја избегнал несреќата. Повредената била пренесена и хоспитализирана во кумановската болница.

Несреќата настанала како резултат на долгогодишно пропаѓање на кровот на зградата, кој е во фаза на распаѓање и само прашање на време е кога ќе се случи нова несреќа со потешки и поголеми размери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top