Двајца неготинци на возраст од 39 и 48 години се повредени при судар на хјундаи со неготински и фиат пунто со белградски регистарски таблички. Несреќата се случила на булеварот „Маршал Тито“ во Неготино. Според полицијата повредените се пренесени во болница поради полесните повреди со кои се здобиле. Едниот од нив имал рани на главата од искршеното стакло, па затоа бил задржан на болничко лекување.
Според првичните информации, сообраќајната нресреќа ја предизвикал српскиот државјанин кој со своето возило не му дал предност на минување на неготинецот. На странецот му е одземен пасошот, а утре тој ќе биде изведен пред суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Поради недостаток на доктори: Матичните лекари ќе дежураат во Итна помош во Неготино
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил