| четврток, 6 декември 2018 |

Два дена нема фудбал на СП: Ова се термините за останатите натпревари од Мундијалот

Со вечерашната драма во Москва од која како победник излезе селекцијата на Англија се комплетираа сите четвртфинални парови на мундијалот во Русија.

По големите возбудувања утре и задутре следува одмор, па актерите се враќаат на големата сцена во петок и сабота. Во првиот ден (петок) имаме две средби од стандардните термини 16 и 20 часот. Првата битка е меѓу Уругвај и Франција, додека вечерниот термин е наменет за мечот меѓу Бразил и Белгија.

Наредниот ден од 16 часот ќе се соочат Шведска и Англија, а пак оваа фаза ќе ја затворат најголемото изненадување домаќинот Русија и Хрватска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top