Судирите меѓу приврзаниците и противниците на сменетиот египетски претседател Мохамед Морси се закануваат да го втурнат Египет во граѓанска војна, оцени денеска првиот човек на Руската Федерација, Владимир Путин.
– Во Сирија веќе беснее граѓанска војна, а и Египет се движи во тој правец. Ние би сакале египетскиот народ да ја избегне таквата судбина – изјави Путин за време посетата на Казахстан.
По смената на Морси, руското министерство за надворешни работи апелираше до сите страни инволвирани во египетската политичка криза да покажат воздржаност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.