Турскиот министер за внатрешни работи Муамер Ѓулер изјави дека е недозволено да се преземаат масовни акции во паркови и на јавни места. Ваката изјава доаѓа по најавите за нови протести во истанбулскиот парк Гези.
-Во моментот во Истанбул се прават обиди одново да се организираат незаконски митинзи, но полицијата нема да ги дозволи. Ќе ги употреби сите средства за спречување – водени топови, солзавец и жива сила, како и други средства предвидени со законот, изјави Ѓулер.
Според него, парковите се места за дружење, „места каде се љубат децата на цвеќето, а не места каде се поставуваат шатори“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.