| четврток, 6 декември 2018 |

Турканици, скапи лежалки, нова политика на кафулињата: Ова се 3 драстични промени за туристите во Грција и воопшто нема да ви се допаднат

Од 1 јули почна вистинската летна сезона што носи нови непишани правила за летувањето во Грција. Прво, туристите веќе во неделата ги искусија огромните колони возила на границата, поскапено е и изнајмувањето лежалки на плажите, а и кафулињата во популарните летувалишта вовеле нова политика.

Викендот зад нас веќе донесе големи гужви на граничниот премин Евзони. Смената на туристи и почетокот на летната сезона предизвикаа ситуација во неделата да се чека и по 5 часа на граница, а ваквата ситуација се очекува секој викенд до крајот на август.

Според досегашните искуства, совет како да го избегнете долгото чекање на грчката граница е на преминот да стигнете во раните утрински часови, најдоцна до 4 наутро, а би требало да се избегне доаѓањето на преминот околу 6 или 7 часот  кога е смената на цариниците и полицајците, па тоа може да го забави поминувањето на границата за дури половина час.

Кога пак ќе ја поминете границата и стигнете на одредиштето, бидете спремни на нешто повисоки цени на лежалките и чадорите, од оние кои беа досега.

Туристите јавуваат дека на плажата во Ханиоти од 1 јули лежалките од 5 евра сега чинат 7 евра.

Исто така во популарните кафулиња, кои се наоѓаат на најубавите плажи за време на сезоната се менува политиката, односно се воведува минимална конзумација или поскап сет.

Исто така на повеќето плажи каде има кафулиња досега можеше да се прогледа низ прсти и да се пуштат туристите со своја опрема. Меѓутоа во ек на сезоната тоае не се очекува. На некои места јасни е назначено дека е забрането внесување фрижидери со храна, сендвичи и пијалок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top