| четврток, 6 декември 2018 |

Најнова временска прогноза: Сончево и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Во текот наденешниот вторничен ден ќе имаме сончево и топло време се до попладневните часови кога ќе има мала до умерена локална облачност.

Особено во северните, североисточните и во источните предели на државава локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има услови за појава на електрични празнења како и за ретка појава на град.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.

Слични временски прилики ќе има се до време на викендот кога ќе има поголеми услови за нестабилност и тоа на повеќе места а ќе започне да дува и северен ветер кој ќе услови освежување на времето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top