Човечки коски, за кои се претпоставува дека се посмртни останки на убиени Срби во текот на војната биле пронајдени на градската депонија во Сараево, објави „ТР на Република Српска“.
Упатени во овие случаи веруваат дека тука се погребани убиените граѓани на Сараево од српска националност. Сараевската градска депонија е гробница на десетина Срби убиени во повеќе сараевски населби. Станува збор за Срби од Сараево за чии посмртни останки семејствата залудно трагаат скоро две децении по војната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.