| четврток, 6 декември 2018 |

ДПСМ: Ова е досега најсериозниот напад врз нашата организација

Демократската партија на Србите во Македонија смета дека нападот врз седиштето на нашата партија е досега најсериозниот напад врз нашата организација, најсериозна закана за личната безбедност на нашиот Претседател како идеолог и носител на нашата политика и застрашувачка закана врз членството и симпатизерите на ДПСМ, соопшти денеска партијата.

-Заради серизноста на нападот не реагиравме веднаш со соопштение бидејќи очекувавме дека раководството на МВР посеризно ќе се ангажира, ќе се јави, ќе ги посети нашите простории, ќе даде некоја смирувачка изјава или слично, но бидејќи тоа не се случи, а ни претходното обивањето на партиските простори за време на сегашниот, тогаш привремен министер не е разрешено тогаш индициите се повеќе се јасни и недвосмислени, МВР се повеќе станува парапартијска полиција. МВР заборава, односно намерно го премолчува фактот дека нападот врз седиштето на ДПСМ е исто што и напад врз седиштето на ВМРО ДПМНЕ или СДСМ, со уште една дополнително тешка квалификација, дека станува збор за напад на седиштето на политичка партија на помалата, српската национална заедница во Македонија. Не помогнаа тука ни нашите предупредувања упатени до ОБСЕ, за политичкиот ангажман на МВР на теренот во однос на делувањето и активностите на ДПСМ, се вели во соопштението од ДПСМ

Демократската партија на Србите во Македонија заради мир во куќата сигурно нема да го развие мазохистичкото чуство на спремност на трпење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top