| четврток, 6 декември 2018 |

34 милиони евра од СОРОС за антивладини кампањи

euro34 милиони евра чинеле активностите на опозицијата кои ги финасирал СОРОС во последните 7 години – објави Сител.

Според оваа телевизија во просек, по 5 милиони евра од сметката на СОРОС секоја година се трошеле главно за фиансирање на проекти и активности кои биле насочени во директна или индиректна поддршка на опозицијата. Во 2006 година,  СОРОС поторшил неверојатни 5,42 милиони евра.

Во 2007 година, додава Сител, 5,15 милиони евра од касата на СОРОС се слеале во невладините организации кои се под контрола на СДСМ.

-Сумите во наредните три години се намалувале во просек за 200 до 300 илјади евра годишно, за во 2011, кога СДСМ ги загуби изборите повторно да се вратат на старото ниво. Средствата главно се трошеле за проекти кои ја поддржуваат опозицијата како и на невладини организиции кои се задолжени да креираат антивладина атмосфера. Парите од СОРОС во своите математики ги имал и Бранко Црвеновски. Како да ги троши во стратегијата Надеж плановите ги правеа словенечките PR експерти. Меѓу невладините организации кои се финансираат директно од СОРОС се Центарот за развој на медиуми, ГЕМ, Плоштад Слобода, Центарот за европско образование Младинскиот обраовен форум и уште многу други. Сите во јавноста се познати по ставови кои директно ги напаѓаат владините проекти. Но пајажината на СОРОС не застанува тука. Мрежата поседува и десетина медиуми, главно во макеоднскиот интернет простор а финансира и новинари како поединци, задолжени да ја напаѓаат владата – објави Сител.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top