| четврток, 6 декември 2018 |

Усеин Болт брз како молња во градот на светлината Париз

Усеин Болт синоќа во Париз на трката на 200 метри во рамките на Дијамантската лига истрча со време 19.73 секунди што претставува најдобар резултат годинава

bolt-500

Со ова време спринтерот од Јамајка за една стотинка го подобри резултатот на американскиот атлетичар Тајсон Геј остварен на квалификациите на САД пред еден месец.

На синоќешниот спринт на 200 метри, втор беше сонародникот на Болт, Варен Веир со резултат 19.92, додека третото место го освои Кристоф Леметр со време 20.07.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top