| четврток, 6 декември 2018 |

Лани ова време беа заедно и среќни: Пејачката сега ужива во нивното друштво!

Харизматичната пејачка слободните денови ги минува во радоста на своите синови.

Претходните години во ова време Емина Јаховиќ својот Инстаграм профил го полнеше со семејни фотографии од крстарења или лускузни летувалишта  каде уживаше со сопругот и децата.

Разводот и престанокот на љубовта многумина изненади, но овие две музички ѕвезди се разделија како пријатели од почит кон своите синови Јаман и Јавуз.

Ова лето Емина по прв пат го организираше сама. Волшебните денови ги минуваат во турски ресорт на југот на Турција. Нејзините фотографии докажуваат дека се забавуваат одлично. Дури и без тато.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top