| четврток, 6 декември 2018 |

Ранет полицаец во Тетово, се обидел да приведе осуденик за убиство

Вчера вечер на улицата „Страшо Пинџур” во Тетово двајца полицајци се обиделе да го приведат Г.Е. (41) од Тетово кој се бара за издржување затворска казна од 6 години и 5 месеци за сторено кривично дело убиство. Притоа еден полицаец бил ранет.

Г.Е. бил зебележан како совозач во патничко моторно возило „волксваген-пасат“, по што полицајците дале наредба возилото да сопре. Непознатиот возач со голема брзина тргнал кон полицаецот и со предниот дел од возилото го удрил во пределот на десното колено, а Г.Е. извадил пиштол и го вперил кон полицаецот, кој од службениот пиштол испукал еден куршум кон возилото. На полицискиот службеник му била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Тетово. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на лицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top