Кејти Пери била уловена од папарацо, како се сонча гола на нудистичка плажа во Австралија. Пери била сликната без горен дел на плажа „Обелиск“ покрај Сиднеј, плажа позната по тоа што на неа се пуштаат и хомосексуалци.
Според пејачката, папараците интензивно ја следеле и ветиле дека ќе ја остават на мира ако таа им овозможи да ја фотографираат. Кејти не им дозволила, но папараците, сепак, ја фотографирале. За да не се посомневаат во нив, и самите тие биле исто така голи.
Бесна поради тоа што се случило, пејачката својот гнев го истурила на социјалните мрежи, прво на „Инстаграм“, а потоа и на „Твитер“.
– Кон печатот во Австралија: „Треба да се срамите од вашите папараци! Никаква почит и толеранција од нивна страна. Се обидував да се сончам тивко и кротко на плажа кога тие се појавија и почнаа да досадуваат. Луѓето наоколу се обидоа да ми помогнат, но тие продолжија, кикотејќи се безобразно – напишала Пери на „Инстаграм“.
Потоа, темнокоса Барбика продолжи да исфрла оган на „Твитер“ : „Австралиските таблоиди нека внимаваат! Само некој од нив да си дозволи да ги објави моите фотографии во бикини, кои овие стари перверзњаци ги направија без моја дозвола! А Џејми Фосет да има предвид дека имаме фотографии од неговиот мал пенис и неговите малку поголеми топки. Ти си тотален психопат!“
Споменатиот Фосет стана познат во 2005 година кога успеа да ја фотографира гола Никол Кидман во нејзиниот дом во Сиднеј. Актерката, сепак, успеа да го осуди и тој мораше да плати 1 милион австралиски долари отштета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.