Откако заедно се појавија во јавноста, принцот Хари и Меган Маркл не ги криеја своите заљубените гестови. Погледи, нежни допири, држењето за раце, станаа нивен заштитен знак, но изгледа во иднина тоа ќе го има се помалку и помалку.
Принцот Хари можеби е шести во редот за наследување на британската круна, па може да се однесува поопуштено од својот постар брат Вилијам, но откако се ожени со Меган Маркл, кралицата Елизабета будно внимава и на неговото однесување во јавноста. Тоа посебно доаѓа до израз кога се појавуваат во нејзино друштво, како што беше случај во вторникот на свеченото доделување на наградите во Бакингемската палата.
Имено, за разлика од сите претходни појавувања во јавноста со сопругата Меган, принцот Хари овојпат се воздржа од интимни гестови кои инаку беа составен дел од нивните јавни настапи. Новопечените сопружници заедно влегоа во салата, а потоа седнаа еден крај друг, но без физички допири и нежни гестови и мимики.
Очигледно ваквата пракса ќе продолжи и во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расте од ден во ден: Нови фотографии од бремената Меган Маркл!
-
Надвор од протоколот: Меган размислува да се породи дома!
-
Не можела веќе да издржи: Помошничката на Меган која даде отказ, откри страшни детали за кралското семејство!
-
Принцезите на воена нога: Како лошите односи на Кејт и Меган од џебот на Британците ќе извадат пет милиони фунти