| четврток, 6 декември 2018 |

НБА Трансфери: Смит ќе игра за Детроит, Колинс во Лос Анџелес

Според пишувањата на американските медиуми НБА тимoт Детроит „Пистонс“ потпишал четиригодишен договор со крилниот кошаркар на Атланта Џош Смит

josh-smith

Почитувајќи ги правилата, кои велат дека трансферите може да се реализираат по 10-ти јули, Детроит токму тогаш и официјално ќе го потврди договорот со Џош Смит. Тој во 2004-та година беше избран на драфтот од Атланта и од тогаш е дел од овој тим. Минатата сезона имаше просек од 17,5 поени, 8,4 скокови и 4,2 асистенции.

ЛА Клиперс пред неколку дена го испратија Ерик Бледшоу во Феникс, па мораа да најдат резервен разигрувач кој ќе го заменува Крис Пол. Решението го гледаат во Дарен Колинс со кој договориле двегодишна соработка. Колинс (25) минатата сезона ја мина во Далас каде имаше просек од 12 поени и 5,1 асистенција.

Џерет Џек, кој минатата сезона го носеше дресот на Голден Стејт ќе потпише четиригодишен договор со Кливленд. Во својата кариера тој ги бранеше боите на Портланд, Индијана, Торонто и Њу Орлеанс, а минатата сезона за „Вориорс“ имаше учинок од 12,9 кошеви и 5,5 асистенции по натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top