Британец облечен во одело на Супермен фатил крадец кој украл сланина од продавница во градот Шефилд. 24 годишниот Лук Јуниор во моментот на кражбата бил облечен во одело на суперхеројот за да учествува на локалната хуманитарна акција.
– Крадецот истрча од продавницата додека се фотографирав со деца, а сопственикот на продавницата повика за помош, раскажува Лук.
Момчето кое работело како чувар, а во моментот глумел херој, веднаш го примил повикот за помош и го уапсил 38 годишниот крадец, а со него останал се додека не дошла полицијата.
– Тогаш се вратив кај децата и им реков дека треба секогаш да бидат на вистинската страна на законот, вели Лук.
Крадецот бил приведен за кражба на сланина вредна 70 фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.