Херберт Чавез (37) од Филипини во последните 18 години мина низ дури 23 естетски операции во желба физички што е можно повеќе да личи на Супермен.
Како што пишува „Дејли мејл“, Чавез веќе потрошил 7.000 долари на операција на носот, осветлување на тенот, липосукција, корекција на усните со цел да изгледа како американскиот суперхерој.
Тој имал желба да го оперира и стомакот за да ги има „челичните мускули“, но докторите одбиле да го оперираат откако рабрале дека во стомакот тој веќе вбризгал илегални филери кои се потенцијално отровни.
Чавез се вљубил во Супермен уште кога бил сиромашно момче. Прв филм кој го гледал бил „Супермен 2“ од осумдесеттите години и оттогаш тој сакал да изгледа како популарниот суперхерој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.