Многу пред да биде потврдено дека првата дама на Америка, Меланија Трамп била на операција на бениген тумор на бубрегот, медиумите нагаѓаа зошто таа не се појавуваше некое време во јавност. Се наведуваше дека се подвргнала на пластична операција, а сега целата работа ја искоментира нејзиниот сопруг Доналд Трамп.
-Таа е добро – започнал Трамп, а потоа додал: Но медиумите имаа разни верзии на приказна околу нејзината состојба. Зборуваа дека се подложила на пластична операција на лицето. Не, не е. Би ви кажал ако го направила тоа. Тоа не би можело долго да се крие – рекол Трамп.
Отворениот претсдетател Трамп се осврнал и на лажните вести и теми со кои медиумите го бомбардираат неговото семејство, а посебно сопругата Меланија.
-Пишуваа дека сопругата ме напуштила, дека од Белата куќа се вратила во Њујорк. Единствената работа која не ја кажаа, а која е вистина е дека Меланија својот приватен живот сака да го чува подалеку од јавноста и медиумите-заклучил Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меланија флертувала со Путин: Трамп само ги гледал, а тогаш претседателот на Русија со една реченица ја купи првата дама!
-
Критики и неверување: Првата дама на САД потрошила 174 илјади долари за 12 часа
-
Ова е европската Меланија: Сопругата на чешкиот премиер во фокусот на медиумите (галерија)
-
Драма на небото: Се запали авионот на Меланија Трамп!