| четврток, 6 декември 2018 |

Сноуден заглавен на аеродром, државите се плашат да му дадат азил

edvard snoudenПретседателите на Никарагва, Венецуела и на Боливија му понудија азил на поранешниот американски агент Сноуден.

Додека „свиркачот“ се уште е на московскиот аеродром, понудите стигнаа од овие три земји додека Вашингтон упати барање до Венецуела да и го предаде Сноуден доколку отпатува или пропатува низ Венецуела.

Од викиликс велат дека Сноуден побарал азил во уште 6 држави, но не се открива кои се тие, бидејќи се плашат од американски притисок. Венецуела е проблематичен избор, бидејќи нема директен лет од Москва. Боливискиот претседател Моралес повтори денеска дека ќе му даде азил на Сноуден ако повторно го побара.

Сноуден, да потсетиме , воп САД го бараат за шпионажа, крадење и објавување на информации кои се во сопственост на американската власт. Тој од Хонгконг за британскиот весник Гардијан испраќаше материјали во кои се докажа дека САД ги прислушува десетици милиони разговори водени преку интернет,- социјалните мрежи и и-мејлови, како и дека ги надгледува сите познати интернет- компании.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top