| четврток, 6 декември 2018 |

Пуштиле странец во својот дом, не знаеле дека го кријат најбараниот човек во светот

Непознатата личност по потекло од САД барал разговор со новинарите, а таа потоа сфатила дека станува збор за Едвард Сноуден откако го препознала неговото лице кое што било објавено на насловната страница на еден весник во Хонг Конг.

– Изустив „Боже мил“. Најбараниот човек на светот е во мојот дом – раскажува Родел за американски „Си-Ен-Ен“.

Родел побегнала од Филипините и побарала азил во Хонг Конг, а овие денови нејзината приказна, но и приказната на другите како неа за прв пат се појави во јавноста. Со недели овие сиромашни луѓе го криеле човекот кој е одговорен за најголемото протекување на доверливи информации во историјата на САД.

– Ние сме дел од историјата затоа што направивме добро дело – рекол Супун Келапата, азилант од Шри Ланка кој се одрекол од сопствениот кревет за Сноуден да може да се сокрие.

Сноуден се криел кај луѓе кои што и самите со текот на годините се нашле во законски вакуум во Хонг Конг. Градот им плаќа станарина, им дава и пари за основни трошоци, но не им дава државјанство, ниту пак им е дозволено да работат. Семејствата и нивните адвокати сега излегуваат во јавноста со својата приказна откако нивните напори беа забележани во најновиот филм на Оливер Стоун кој е токму за Едвард Сноуден.

Сето ова е опишано во филмот „Сноуден“ заедно со напнатите моменти кога најпознатиот светски „свиркач“ се криел во Хонг Конг додека се обидувал да им побегне на тамошните, но и на американските власти.

Сноуден даде интервју за британски „Гардијан“ во хотелот „Мира“ во самиот центар на Хонг Конг и со тоа започна објавувањето на неверојатните информации за големината на американската програма за прислушкување на сопствените граѓани.

Канадскиот адвокат Роберт Тибо кој го застапувал Едвард Сноуден му препорачал да побара статус на бегалец кај најблиското преставништво на УНХЦР. Потоа Типо смислил неверојатна стратегија – Сноуден го криел кај бегалците кои што ги застапувал пред судовите во Хонг Конг.

– Му реков на Сноуден дека би било најдобро да оди кај бегалските семејства во населените места затоа што тоа би било последното место на кое што некој би се сетил да го побара – се сеќава Тибо.

Адвокатот Тибо денес вели дека се надева дека филмот ќе го привлече меѓународното внимание и ќе укаже на проблемите на 14,500 баратели на азил во Хонг Конг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top