Престанете со понижувањето на земјата со преговорите, кои се водат на несериозна основа, за што ни се подбиваат функционери од источниот сосед, напиша на својот фејсбук-профил поранешниот министер за финансии и пратеник од редовите на СДСМ, Никола Поповски.
-За да сфатиме на која несериозна основа се водат државните преговори со Бугарија и Грција, требаше да дојде до денешната катарза, во која имаме срамни лицитации и одобрување на подбивни имиња за сопствената татковина и најнепријателски изјави на високи бугарски функционери, кои се ситат на нашата целосна политичка изгубеност и си тераат свои агенди. Им дозволија заеднички да се сликаат, смеат и прегрнуваат истовремено додека тие се подбиваат со нас и секојдневно нѐ навредуваат. Или прекинете го натамошното понижување и исмејување на татковината или повлечете се од тој процес – напиша Никола Поповски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.