По одлуката на ФИФА да ги казни фудбалерите на Швајцарија Гранит Џака и Џердан Шаќири, албанската дијаспора одлучи да собере пари и да ја уплати целата сума наместо фудбалерите.
Како што пренесуваат швајцарските медиуми еден Албанец од Њујорк покренал интернет кампања во САД и ширум светот за собирање пари за плаќање на казната и да донираат пари.
-Донесовте среќа и радост на сите Швајцарци и Албанци ширум светот, одвоите момент и поддржете ги, стои во соопштението до своите сонародници кои треба да ги мотивира да донираат пари.
Но, тоа не е се и министерот за трговија на Косово Бајрам Хасани објави дека ќе донира пари од својата плата за да допринесе за плаќање на казната на фудбалерите.
Инаку дисциплинската комисија при ФИФА отвори дело поради начинот на славење на погодоци во натпреварот со Србија (2:1) на Шаќири и Џака. Тогаш двајцата се радуваа на головите, имитирајќи го двоглавиот орел од грбот на Албанија. Тие се казнети со по 10 илјади швајцарски франци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.