| четврток, 6 декември 2018 |

Ова лето повеќе дожд и без пеколни температури

Можеби нема да има толку високи температури на какви што сме навиканите за летниот период но сепак, долгорочните прогнози најавуваат дека овој јули ќе биде сончев и топол.

Иако прогнозите кои се однесуваат на подолг период не можат да дадат прецизни податоци, сепак може да најават дека по оваа седмица во која условите повеќе личат на есен отколку на лето можеме да се надеваме на температури кои приличат на периодот од годината.

Синоптичарите велат дека некои екстремно високи температури нема да има. Во првата половина на јули максимумот ќе биде околу 30 степени што е малку под просекот за оваа година.

Во втората половина од овој месец температурите ќе бидат во рамките на просекот и ќе движат околу 33 степени.

Иако е тешко да се даде прогноза за толку долг временски период, синоптичарите најавуваат дожд во последната недела од јули и на почетокот од август, поточно околу Илинден.

Ако се водите по оваа прогноза и планирате годишен одмор, се чини идеално ќе биде некаде во втората седмица од август кога ќе имаме вистинско ето и температури кои на некои места низ Македонија ќе се доближуваат до 40 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top