| четврток, 6 декември 2018 |

Супата на нашите баби во Холивуд ја купуваат како лек

Дали се сеќавате на супите што ни ги приготвуваа нашите баби? Денес веќе ретко кој ги приготвува на истиот начин.

Можеби се прашувате зошто е тоа така, но тајната се крие во телешките и пилешките коски кои нашите баби ги ставаа во супата.

Супата приготвена од т.н.„шупливи коски“ претставува природен антибиотк. Изобилува со хранливи материи и лекува куп болести.

Рецептот е едноставен: Една шуплива коска ставете во лонец со доста вода и оставете да врие, а потоа додадете морков и целер, пашканат и кромид. Кога зеленчукот ќе омекне, додадете тестенини и зачини.

Една чинија од оваа супа го штити организмот и го зголемува имунитетот.

ЗГОЛЕМЕН ВНЕС НА МИНЕРАЛИ

Домашната супа од коски е преполна со хранливи материи кои ги нема во денешната модерна исхрана. Едноставната супа изобилува со минерали како што се: калциум, фосфор, магнезиум и калиум, и тоа во облици кои нашето тело може лесно да ги апсорбира.

Д-р Ејми Мајерс, специјалист за автоимуни заболувања ја препорачува супата на пациенти кои боледуваат од синдромот иритабилни црева. „Желатинот од коските ја штити и лекува слузокожата на цревата од дигестивниот тракт и помага во варењето на хранливите материи.

Овие аминокиселини се важни за здрав стомак и варење.“

ЛЕКУВА ВОСПАЛЕНИЈА

Што е заедничкото кај оштетените зглобови и автоимуните заболувања? Тие се често резултат на воспаленија, предизвикани од стрес и лоша исхрана.

„Супата од коски содржи хондроитин сулфат и глукозамин, соединенија кои ги ублажуваат воспаленијата, артитисот и болките во зглобовите. Глицин-аминокиселината која се наоѓа во коските, може да биде многу смирувачка“ – вели Мајерс.

ГАРАНТИРА ПОДОБАР ИЗГЛЕД

Супата од коски содржи колаген, протеин кој при готвењето се формира во желатин. Желатинот од коските придонесува за поздрава кожа, коса и нокти.

За здравјето на вашите деца во првите години е најважно да им готвите ваква супа од шупливи коски. Така ќе бидете сигурни дека изеле нешто здраво и корисно за нивниот организам.

 

извор: galama.website

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top