Ако сте во потрага по храна која ќе ви помогне да ослабете, без да се изгладнувате, а воедно и ќе ви го сочува здравјето, тогаш ја пронајдовте.
Супата често се користи за детоксикација на организмот и одлична е за поттикнување на варењето на храната.
Потребни состојки:
- 200g мунго грав
- 2 чешниња лук
- 1 лажица сончогледово масло
- ¼ шолја листови од коријандер
- 1 ловоров лист
- 1 мала лажичка свежо изрендан ѓумбир
- 1 мала лажичка гарам масала мешавина од зачини
- ½ лажичка куркума во прав
- ½ лажичка семе од синап
- 3 лажици сок од лимон
Подготовка:
Измијте го мунго гравот и преку ноќ оставете го да отстои во вода.
Исцедете го, прелијте со литар вода, ставете го ловоровиот лист и оставете да зоврие. Додадете ги сите зачини и нека зовријат 3-4 минути. На крај додадете го лимоновиот сок и варете 40-тина минути.
Може да додадете пробиотски јогурт или уште лимон по вкус.
Рецептот може да го подготвувате кога сакате и заменува цел оброк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.