Дирекција за култура и уметност на Скопје известува дека поради најава на невреме и дожд вечерашниот концерт на Сара Симоновска кој треба да се реализира во рамките на Скопско лето вечерва, 25.06.2018, во Сули ан, ќе се одржи во Фоајето на Македонската Опера и Балет, со почеток во 21 часот.
Вечерва, на програмата на „Скопско лето“ е концерт „Тапанот се слуша надалеку“ на Сара Симоновска – удирачки инструменти.
Сара Симоновска е родена во 1994 година во Куманово, Македонија. По постапките на својот татко, Сара започнува да свири тапани уште на четири годишна возраст. Средно музичко образование за ударни инструменти започнува во „Илија Николовски-Луј“, но по само три години таа добива целосна стипендија од Interlochen Arts Academy во Michigan, USA каде што и матурира со највисок просек. Истата година 2014, Сара се запишува на студии во Jacksonville University во Florida и повторно добива стипендија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.