| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во кралското семејство: Снаите се скараа, Кејт е бесна на Меган!

Од венчавката на Хари и Меган помина помалку од еден месец, а некогашната актерка веќе и стана омилена снаа на кралицата Елизабета. Така Меган била во придружба на кралицата во Чешир, во Англија каде заедно посетувале бројни официјални настани, што ја вознемирило Кејт Мидлтон.

Сепак, како што пишуваат британските медиуми, Кејт не ја вознемирил само денот на кралицата со Меган, туку таа мисли дека Меган има посебен третман во кралското семејство.

-Скоро никако не разговараат. Натпреварувањето во популарноста предизвикало бројни проблеми во палатата- велат извори.

Кејт, се наведува е вознемирена и поради други работи. Лута е и поради куќата во која ќе живеат Хари и Меган, бидејќи мислат дека не е фер новопечените младенци да добијат апартман кој е поголем од нивниот.

Кејт ја научила Меган се за кралскиот протокол, но поради новонастанатата ситуација, потполно престанала да и дава било какви совети, велат изворите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top