| четврток, 6 декември 2018 |

42 деца живи запалени од нигериски исламисти

nigerijaНајмалку четириесетина, од кои најмногу ученици, се убиени во градче во северниот дел на Нигерија при напад од ислмистичкото милитантно движење Боко Харам врз средно училиште. Според  локалната болница, им биле донесени тела на 42 ученици и наставници.
Нигериските безбедносни сили посочуваат дека напаѓачите подметнале пожар во делот од зградата на училиштето каде што се наоѓал интернатот со спалните соби за учениците, по што пукле врз секој што ќе се обидел да излезе од опожарениот објект. Дел од преживеаните во нападот, што се случил пред зори, изјавија дека дел од загинатите деца живи изгореле во запалената зграда.

Фотографијата е од училиште во северна Нигерија, нападнато од Боко Харам во мај лани. При напади на припадници на Боко Харам од 2009 година, па досега, загинаа над 3.000 лица. Движењето Боко Харам се залага за создавање независна исламистичка држава на северот од Нигерија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top