Италијанската полиција во голема акција во областите Венето, Тоскана, Ломбардија, Пиемонт и Лацио уапсила 43 лица, меѓу кои речиси сите се Албанци, поделени во две банди, кои организирале меѓународен шверц на дрога.
Според италијанската полиција, криминалните групи броеле најмалку 100 лица, најголемиот број Албанци, но и Романци и Италијанци, кои ги „регрутирале“ искористувајќи ја нивната социјална положба. Меѓу членовите на групите имало и цели семејства со мали деца, кои за сума од две до три илјади евра шверувале дрога од Албанија.
Членовите на овие криминални групи меѓу себе не комуницирале преку телефони, туку интернет. Тие преку социјалните мрежа организирале нарачки, транспорт и продажба на дрога. Двете групи заедно месечно „заработувале“ околу два милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.