Турската новинска агенција Анадолија, пренесе дека македонскиот претседател Ѓорге Иванов му дал поддршка на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган за ставовите по масовните антивладини демонстрации околу паркот Гези во Истанбул. Поддршката Иванов ја дал за време на неговата средба со претседателот на турската агенција за координација и соработка, Сердар Чам. Агенцијата цитира и изјава на македонскиот претседател во која тој вели: Господинот Ердоган да не се мачи и да се спротивстави. „На сите им е познато дека во вакви настани се мешаат странски држави, кои си прават свои игри. Неговото срце е со нашето, нашето срце е со неговото“, го цитира Анадолија Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество