| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во Италија: Ватиканската банка овозможила перење на пари

Италијанските истражители утврдија дека Ватиканската банка работела на начин на кој воозможувала перење на пари, пишуваат италијанските весници.

Банката, чиј официјален назив е Институт за верски работи (ИОР) не ги проверувале доволно клиентите и сопствениците на сметки на кои им било дозволено да префрлуваат големи суми пари во име на други лица.

-Постои голем ризик начинот на кој работи ИОР, без прецизно наведување на вистинските клиенти да биде употребен како параван за прикривање на незаконски трансакции, напишале тужителите во документот што го објави „Кориере дела сера“.

Тие исто така ги обвинуваат италијанските банки кои ги профатиле парите префрлени од ИОР и не го утврдиле потеклото на парите што биле префрлени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top