Грците во Бугарија регистрирале фантомски фирми, по што добиваат бугарски пасоши и ставаат бугарски регистарски таблички на своите скапи лимузини за да ги избегнат суровите такси наметнати од властите во финансиските разорената татковина, пишуваат грчките медиуми.
Во Грција веќе имало 10.000 автомобили со бугарски регистарски таблички. На интернет се појавиле десетици огласи за помош при добивање на таблички, како и ценовник за таквите услуги.
– Сообраќајот на автомобили на грчко-бугарската граница не се контролира – вели Димитрис Тримпонисас, претседател на Федерацијата на грчките царински службеници.
Тој повеќепати ги информирал своите претпоставени, но засега нема соодветна реакција.
– Во последните три години нашата федерација повеќепати ги информираше политичките лидери за избегнување данок во големи размери, шверц и незаконски увоз на автомобили, но ништо не се променило до сега. Ако состојбата не се промени, ќе треба да се постават цариници на Промахон, Орменион и Ексохи, за да го контролираме протокот на секаков вид на стоки меѓу двете земји – вели Тримпониас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.