Вечерва во 20 часот во куќата на Уранија во Охрид ќе биде отворена изложбата на завршни проекти од работата на меѓународната летна архитектонска школа насловена како ,,Архитектурата како перформанс,,. Проектот, во организација на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ Скопје НУ а во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, НУ Охридско лето, и Општина Охрид, се реализираше како увертира на Фестивалот Охридско лето пред свеченото отворање на 12 јули.
Од околу десет идејни решенија изработени изминативе седум дена од студентите на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ Скопје, насловени како КРЕАТИВЕН ОХРИД „СЕГА„ ќе бидат избрани најдобрите три кои пак ќе преставуваат можност за новиот лик на три локации, Долни Сарај, плоштадот кај чинарот и училоштето Свети Сава.
Претхдно во 17 часот ќе се одржи презентација на учесниците на летната школа а ќе бидат доделени и сертификати и благодарници. Настанот пак ќе биде збогатен со пригодна свеченост, камерен концерт, на терасата на куќата Уранија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


