Разрешницата за авторските права врз воениот филмски пектакл “Битката на Неретва”, ќе се случи во судот во Стразбур, јави „Куманово њуз“.
Ова го изјави Вељко Булаиќ, режисер на најголемиот југословенски филм кој некогаш бил снимен на овие простори.
Булаиќ го тужи Филмскиот центар во сараево поради неовластена продажба на филмот “Битката на Неретва” како и за филмот “Козара”.
Адис Бакрач, директор на “Филмскиот центар во Сараево” пак вели дека поседува докази дека “Битката на Неретва” е босанско-херцеговачки филм.
Двата филма се снимани во продукцијата на “Босна филм” и “Сутјеска филм”.
За разлика од него, Булаиќ тврди дека филмовите се продуцирани од “Јадран филм” и “Босна филм”, а подоцна се приклучиле и германската, италијанската и американската продуцентска куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


