Претседателот на СДСМ Зоран Заев, во интервјуто објавено во 44 број од неделникот „Република“ зборувајќи за црвените линии на партијата и за барањата на Грција за промена на Уставот, вели дека доколку неговата партија добие шанса да го решава спорот за името, нема да дозволи да се допира „двонационалниот идентитет на државата“.
Еве извадок од интервјуто:
Пораките од Атина се дека Македонија мора да се откаже од македонизмот, односно, Скопје да се откаже од македонизмот ако сака да продолжи со интеграциите. Тоа го посочија во интервју и претседателот и премиерот на Грција.
– Јас не би навлегувал заради тоа што едно се шпекулациите преку медиумите и изјавите на политичарите, а друго се преговори. Кога ќе влезете внатре во самите преговори, имате детали коишто треба да бидат толку суштински и сериозни за да имаат конечна цел, компромис, се надевам, којшто ќе гарантира дека сум Македонец, дека можам да се обратам на македонски јазик, дека можам да си ја негувам мојата посебна македонска традиција и култура којашто ја имам како граѓанин – вели Заев.
И дека тоа нема да стои во Уставот?
– Не би навлегувал во деталите, но, апсолутно, непроменливоста на Уставот значи и недопирање на двонационалниот идентитет на државата, вели Заев.
Изјавата е дел од интервјуто за неделникот Република и можете да ја слушнете на видеото во 5.40 минута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.