| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународна конференција „Балкански музеи без бариери #2“ во Скопје

Од 20 до 21 јуни 2018 година, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржува меѓународната конференција „Балкански музеи без бариери #2“. Настанот е во организација на Балкнаската музејска мрежа и Фондацијата Културно наследство без граници од Босна и Херцеговина.

На конференцијата „Балкански музеи без бариери #2“ ќе земат учество 40 музејски професионалци од Балканот и пошироко, за да ги разменат искуствата и знаењата со цел да ги направат музеите инклузивни и пристапни за сите посетители.

Се покануваат претставниците на медиумите да земат изјави од организаторите и од учесниците на:

20 јуни во 10.45 минути во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје (11 Март бр.2)

Балканската музејска мрежа (БМН) и Фондацијата Културно наследство без граници од Босна и Херцеговина (CHwB BiH) се залагаат за инклузија на лицата со попречености во презентацијата на музејските колекции, изложби и активности. Првата конференција „Балкански музеи без препреки“ беше организирана во Сараево, 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top