| четврток, 6 декември 2018 |

Џеј Ар Смит останува во Њујорк Никс

Најдобриот шести играч во НБА лигата, Џеј Ар Смит и официјално го продолжи договорот со екипата на Њујорк Никс.

Оваа информација ја потврди агентот на Смит веднаш после успешните преговори со управата на екипата од Големото јаболко. На Смит ова лето му истече договорот со Никси, но на обострана желба соработката ќе продолжи во следните четири години, иако кружеа многу шпекулации дека одличниот бек би можел да ја промени средината.

Според новиот договор, Смит ќе добива 5.5 милиони долари по сезона, но секоја година неговата плата ќе расте за 7.5 проценти

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top