| четврток, 6 декември 2018 |

Сергеј Жедик е четвртото засилување на Металург

Сергеј Жедик е четвртото засилување на Металург во новата сезона, а доаѓа од втората екипа на Чеховски Медведи и се смета за еден од најперспективните млади  ракометари на Русија. Вниманието врз себе го привлече со своите настапи за младинската репрезентација на Русија на ЕП 2010 во Словачка (втор стрелец на ЕП) и СП 2011 во Грчка (трет стрелец на СП).

На кон­трол­ни­те тре­нин­зи во ју­ни, Же­дик ги за­до­во­ли кри­те­ри­у­ми­те на тре­не­рот Ли­но Чер­вар, та­ка што во след­ни­те три се­зо­ни Сер­геј ќе би­де дел од ти­мот на Ме­та­лург.

Же­дик е играч што по­тек­ну­ва од ква­ли­тет­на­та ру­ска ра­ко­мет­на шко­ла и це­лос­но се вкло­пу­ва во на­ши­от план и про­гра­ма за прик­лу­чу­ва­ње мла­ди и ква­ли­тет­ни ра­ко­ме­та­ри во еки­па­та на Ме­та­лург, кои се жел­ни за игра и за до­ка­жу­ва­ње – из­ја­ви по пот­пи­шу­ва­ње­то на до­го­во­рот ди­ре­кто­рот на Ме­та­лург, Лев­че Ки­тев­ски.

Задоволен од потпишаниот договор беше и Сергеј Жедик.

Мно­гу сум сре­ќен што ќе на­ста­пу­вам за еки­па што бе­ше ап­со­лу­тен ра­ко­ме­тен хит из­ми­на­та­ва се­зо­на во Ли­га­та на шам­пи­о­ни. Во из­бо­рот ме­ѓу еки­пи­те на Че­хов­ски Мед­ве­ди и на Ме­та­лург во­оп­што не се дво­у­мев, би­деј­ќи за­до­волс­тво е да се игра за еки­па што и оваа го­ди­на има ви­со­ки ам­би­ции, ка­де што се спо­е­ни мла­до­ста, искус­тво­то и жел­ба­та за на­пре­док. Се на­де­вам де­ка со мо­ја­та игра ќе да­дам го­лем при­до­нес во ос­тва­ру­ва­ње­то на клуп­ски­те ам­би­ции – за­до­вол­но из­ја­ви Же­дик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top