| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО ДПМНЕ роденденот ќе го прослави со протестен марш во Битола

Протесниот марш во Битола ќе почне во 13:30 часот пред спортската сала во Битола, преку Широк Сокак до Домот на културата, на плоштадот „Гоце Делчев“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска организира протестен марш во Битола во знак на незадоволство од договорот што го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за решавање на 27-годишниот спор за името меѓу Македонија и Грција. Маршот е на истиот ден со роденденот на партијата за кој претседателот Христијан Мицкоски го најави дека ќе биде работно прославен.

Според  Мицкоски, станува збор за решение кое е комплетно спротивно на државните и националните интереси на Република Македонија, кое само по себе е капитулација. Повеќепати го повтори ставот дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени за промена на уставното име.

Протесниот марш во Битола ќе почне во 13:30 часот пред спортската сала во Битола, преку Широк Сокак до Домот на културата, на плоштадот „Гоце Делчев“.

Предвидено е обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top