Под влијание на моќниот циклон Силвија, територијата на нашата држава ќе остане и во текот на следните денови што значи дека нема стабилизирање на времето, јавува Славчо Попоски.
Според Попоски, в петок циклонот ќе стане помоќен па така во текот на претпладнево времето во државава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди но и со повремени локални врнежи од дожд проследени со локални грмежи.
Во текот на попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно па така во најголем дел од државава ќе има врнежи од дожд проследени со грмежи. Локално врнежите ќе бидат интензивни, и можни се поинтензивни атмосферски процеси проследени со интензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.
Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (преку 20 – 30 л/м2).
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој доцна попладне и навечер ќе засилува по интензитет особено на север од државава.
Максималните дневни температури на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање и истите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.