Во овие попладневни часови во источните и североисточните предели на државава има нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Оваа нестабилност понатаму ќе се движи кон западните предели што значи попладнево и навечер на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а локално ќе наврне и позначително количество на воден талог, најавува Славчо Попоски, метеоролог.
Локално процесите можно е да бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
Температурите ќе се движат во интервалот некаде од 22 до 29 степени што значи за разлика од изминатите денови ќе биде посвежо.
Услови за нестабилност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и ретка појава на град ќе има и во Скопскиот регион.
Влијанието на Силвија ќе продолжи и во текот на следните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.