Договорот ќе биде валиден по референдумот и по ратификацијата на договорот за името, од тогаш почнува Република Северна Македонија за надворешна употреба, а за внатрешна употреба ќе почне со отварање на секое поглавје за членество во ЕУ.
Тој вели не се знае кога ќе биде средбата и дали конкретно ќе биде во Преспа, а референдумот ќе биде на есен.
– Секаде во светот постојат северни земји, горни не псотојат, заота Република Северна Македонија беше најприфатливо решение. За идентитетот, секаде се употребува македонски, македонско и така натаму, но во државното ќе се употребува новото име. Ќе биде Влада на Република Северна Македонија, но ќе биде македонска Влада. Кодовите ќе бидат МК и МКД, но табличките на автомобилите ќе бидат НМК за да не провоцираме во Грција, рече Заев.
Тој ја поздравува храборста на Ципрас и Коѕсијас, бидејќи вели, добро е да се реши прашањето кое е тежина во двете земји.
– Направивме договор заснован на факти, но кој ги штити интересите на двете земји. Пријателството кое го засновавме јас и Алексис, или Никола и Никос ќе го преточиме и кај граѓаните. Начинот на промената во членот 49 од Уставот е како се води водење на грижата за дијаспората во Европската Унија, вели премиерот Заев.
Вели, верува дека граѓаните се најсилни од сите политички претставници, но очекува за вакви историски, крупни работи да остават шанса на успешен референдум.
– Ако граѓаните гласаат „За“ да успее референдумот, сите политичари може да се поклониме и тоа да го испочитуваме до крај. Институциите носат одлука за се, но во овој случај граѓаните ќе ја донесат одлуката. Јас ќе стојам позади тој потпис – рече премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција