| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска ќе има нови цени на бензинот и дизелот во Македонија

По бранот поскапувања движењето на цената на суровата нафта на берзата во Лондон дава надеж дека конечно ќе имаме двонеделен период по кој Регулаторната комисија за енергетика ќе може да постави пониски максимални малопродажни цени.
Во моментов барел нафта се движи околу 75.5 долари и тоа е цената на која е фиксиран овој енергенс во последните неколку дена. Највисоката вредност во изминатиот пресметковен период беше 77 долари кон крајот на минатата недела. Сепак и тоа е под просекот од претходните две недели кој изнесуваше 78,6 долари за барел.

За очекување е во вакви услови Регулаторот во понеделник да пресмета пониска максимална малопродажна цена.

За очекување е поевтинувањето да се движи меѓу еден и два денари по литар во зависност од дериватот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top