Во текот на денешното рано неделно претпладне особено на истокот ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи додека во попладневните часови повремени врнежи од дожд проследени со грмежи ќе има на повеќе места низ државава.
Иако условите за невреме се значително помали сепак локално не се исклучува можноста за ретка појава на град како и за засилување на ветерот.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој на север ќе засилува по интензитет.
Максималните температури на воздухот ќе бележат тенденција на незначителен пар и истите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени што значи и натаму ќе биде сепак релативно многу топло.
Во текот на следните денови ќе има значителен пораст на температурите но и понатаму ќе биде релативно нестабилно па така барем според сегашните анализи растат условите за ново невреме, објави Метомакс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.