Четириесет и тригодишната Маделин Шифер со својата ќерка отишла во аквапаркот во Мисури, но не успеала ниту да влезе во вода да се разлади. Претставници на службите ја замолиле да се покрие, а кога одбила, повикале полиција!
– Ова е семеен парк – ми рекоа и побараа или да се облечам или да заминам – вели Маделин.
Откако одбила, дошле полицајци кои ја исфрлиле од паркот. Меделин во жалбата до управата наведува дека е дискриминирана поради годините и добриот физички изглед!
– Имаше многу девојчиња од 15 и 18 години со костуми кои откриваа исто колку мојот. Јас не носев танга. Тоа беше стандарден бикини. Не сакам да бидам дискриминирана што изгледам добро во него – вели Маделин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.