| четврток, 6 декември 2018 |

Младо момче заврши на Клиника, го удрил автомобил на авто- школа

Вчера во 18 часот и 50 минути на магистралниот пат А2, се случило сообраќајна незгода.

Имено патничко возило „Фиат“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на авто-школа од Кичево, а управувано од кандидат за возач, 18- годишниот А.С од Кичево, во присуство на инструктор, 26- годишниот Б.С од Кичево, удрило во мотоцикл „Сузуки“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 20- годишниот С.Б од село Челопеци. кичевско.

-Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, кој поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, се вели во соопштение од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top