| четврток, 6 декември 2018 |

Африканскиот џез музичар со светска кариера, Феми Кути вечерва со Филхармонија ќе настапи во Парк

Африканскиот џез музичар со светска кариера, Феми Кути, вечерва во 21 часот во Градскиот парк во Скопје ќе настапи заедно со неговиот бенд „Позитив форс“ и со Македонската филхармонија.

Со овој концерт со кој ќе диригира Џијан Емин, насловен како „Филхармонија на отворено“ се означува крајот на официјалната концертна сезона.

– Нигерискиот исклучителен музичар Феми Кути роден во Лондон, пред сѐ, е познат како најстар син на пионерот на афробитот, големиот Фела Кути. Но, и покрај тоа што тој ја продолжува звучната патека што ја трасираше неговиот татко, Феми Кути создаде сопствен израз на музицирање, кој го прави автентичен и единствен. Со миксот од т.н. енергетски набиен фанк, џез, реге и традиционални африкански ритми, во неговите песни зборува за политичката корупција, сиромаштијатата, лошите животни услови во родната Нигерија, како и во светот и за диктаторскиот режим – најавува Филхармонијата.

Кути во Македонија доаѓа по 14 години, по настапот на Скопскиот џез фестивал и вели дека изведбата со голем симфониски оркестар му е како исполнување на сон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top