| четврток, 6 декември 2018 |

Вработени во кочанската пошта нанеле штета од 50 илјади евра

Makedonska posta logo

Полицијата пријави одговорен за трезор и оператор на платен промет во кочанската пошта затоа што ѝ нанел штета на фирмата од преку 50.000 евра

ПС Кочани поднесе кривична пријава за Б.Д.(45), одговорно лице во АД „Македонска пошта“, Подружница Кочани, за сторено продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, и за Г.В.(40), одговорен за трезорот во поштата и за С.С.(59), оператор на платен промет за сторени две продолжени кривични дела „несовесно работење во службата“. Во период од 2009 до 2011 година, Б.Д. во 13 случаи подигал парични средства од трезорот на поштата во Кочани како дотации за тековно работење, додека во 11 случаи подготвил документација за фиктивни парични одвишоци, а потоа паричните средства противправно ги присвојувал за себе. Г.В. паричните дотации кои биле требувани од Б.Д. му ги доставувал лично, без писмено требување и не водел евиденција за состојбата на трезорот, додека С.С. не вршел целосна контрола во документите што ги добивал од работењето на Б.Д. На тој начин, пријавените предизвикале материјална штета на АД „Македонска пошта“ во износ од 3.303.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top