| четврток, 6 декември 2018 |

Подгответе се за температурен шок: Високи температури, па невреме

Во текот на следните денови поточно особено во петок нашата територија ќе биде зафатена од изразено јужно и југозападно воздушно струење кое ќе услови значително повисоки температури на воздухот, мачно и спарно време а температурите ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените и истите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Токму поради ова струење од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и на песок.

Утре (четврток) од пладневните часови па натаму особено на планините но и во оние населени места кој се во близина на планините ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за локална појава на град.

Во петок ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од јужен и од југоисточен правец додека од доцна попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, силни електрични, засилен ветер и појава на град.

Нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер како и услови за локално НЕВРЕМЕ ќе биде и во петок и тоа на повеќе места.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top